Паста болоњезе
Состојки
- 250 - 300 гр тестенини од гриз од тврда пченица
- 500 гр мелено месо
- 1 главица кромид
- 150 гр граок од конзерва
- 1 пакетче Фант за шпагети болоњезе
- 1 рамна лажица мешан сув зачин
- 1/2 лажиче чубрика
- по вкус сол, црн бибер, оригано
Подготовка
Сварете ги тестенините и потоа исцедете ги.
Изрендајте го кромидот и ставете го на малку масло заедно со меленото месо да се пржи. Откако течноста ќе испари, додадете ги зачините и грашокот од конзерва и динстајте уште кратко време.
Растворете ја кесичката Фант за шпагети болоњезе во 500 мл вода и додадете ја во месото со грашокот. Мешајте додека ја добиете посакуваната густина за сос.
Сервирајте ги шпагетите во 4 чинии и одозгора обилно ставете од сосот. Служете топло и уживајте во вкусот.