Панакота со јагоди (strawberry panna cotta)
Вкусен, пролетен, декоративен десерт е мојот денешен предлог.
Подготовка:
1. Прво го подготвуваме сосот од јагоди. Во тенџере ставаме јагоди, сок од лимон и шеќерот. Готвиме на тивко. Штом ќе почнат да вријат нека варат околу 10 минути.
2. Потоа ги поминуваме со стапчест миксер. Одделуваме на страна 125 мл.
3. Во мал сад ги ставаме желатинот и водата. Во друг сад ги соединуваме слатката павлака, шеќерот, млекото и сосот од јагоди. Нека се загрее се на тивок оган. Штом ќе почнат да се појавуваат мали меурчиња тргаме од оган.
4. Го додаваме желатинот и мешаме да се растопи. Смесата ја делиме во 4 или 5 чаши. Оставаме во фрижидер да се излади и стегни. Внимателно го нанесуваме сега сосот од јагоди. Декорираме и послужуваме.
На здравје.
Лиценца: Сите права се задржани