Панакота со јагоди
Десерт на кој јас лично не можам да му одолеам. Нежен вкус кој засладува.
Панакота од јагоди е мојот денешен предлог.
Во сад на оган ставете ги јагодите со 4 лажици шеќер.
Нека почнат да се варат, нека станат како џем.
Во друг сад разматете го желатиинот со водата и оставете да набабри.
Кога е готов, извадете од смесата јагоди, па префрлете малку во желатинот.
Размешајте го убаво да се соедини, а потоа вратете назад во смесата со јагоди. Промешајте добро па наполенете ги чашките подеднакво.
Ставете ги во фрижидер да постојат.
Кога смесата е изладена, да го приготвуваме и белиот дел.
Во касерола ги помешуваме ванилата, млекото и слатката павлака.
Додаваме и шеќер и оставаме да се стопли.
На страна истата постапка е со желатинот.
Кога е набабрен земаме малку од млекото, го помешуваме убаво да се размати желатинот, а потоа враќаме назад во млекото.
Така разматено млекото го полниме врз стегнатиот крем од јагоди.
Оставаме повторно во фрижидер. Кога е стегната панакотата ја декорираме во свој вкус.
Ви предлагам чоколада или свежо овошје.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови