Панакота со јагоди (strawberry panna cotta)
Состојки
- Сос од јагоди
- 600гр замрзнати јагоди
- 60гр шеќер
- 1лажиче сок од лимон
- Состојки за панакота
- 250мл слатка павлака
- 250мл млеко
- 50гр шеќер
- 125мл од претходно подготвениот сос од јагоди
- 7гр желатин
- 2лажици вода
- мента за декорација
Подготовка
Вкусен, пролетен, декоративен десерт е мојот денешен предлог.
Подготовка:
1. Прво го подготвуваме сосот од јагоди. Во тенџере ставаме јагоди, сок од лимон и шеќерот. Готвиме на тивко. Штом ќе почнат да вријат нека варат околу 10 минути.
2. Потоа ги поминуваме со стапчест миксер. Одделуваме на страна 125 мл.
3. Во мал сад ги ставаме желатинот и водата. Во друг сад ги соединуваме слатката павлака, шеќерот, млекото и сосот од јагоди. Нека се загрее се на тивок оган. Штом ќе почнат да се појавуваат мали меурчиња тргаме од оган.
4. Го додаваме желатинот и мешаме да се растопи. Смесата ја делиме во 4 или 5 чаши. Оставаме во фрижидер да се излади и стегни. Внимателно го нанесуваме сега сосот од јагоди. Декорираме и послужуваме.
На здравје.