Палента штангли
Најпрвин подгответе го филот така што во тава на оган ставете малку масло и сланината. Кратко пропржете ја и додајте го сецканиот праз и сувата пиперка. Пржете додека празот омекне.
Потоа подгответе ја палентата
Во тенџете на оган ставете ја водата и солта и оставете ја да зоврие. Во зовриената вода постепено додавајте ја палентата и мешајте непрекинато.
Откако ќе се згусти тргнете ја од оган и додајте го путерот, мешајте додека се растопи путерот.
Во правоаголен калап ставете половина од подготвената палента, потоа нанесете го филот и пармезанот и додајте го остатокот од палентата.
Одозгора ставете го тост кашкавалот и презлата и ставете го калапот во загреана рерна на 200 степени 15 минути.
Приготвената палента ставете ја да се излади, а потоа исечете ја на средно тенки парчиња.
Палентата обично ја правам на брзинка со сиренце, ама овој пат сакав да сменам и да испробам нешто поинакво, па го смислив ова, и испадна навистиба вкусно, како еден вид солен колач од палента.
Лиценца: Сите права се задржани
само си мозгате и си правите јадења од тепка и не само тоа, туку и добри се :) :) :) :)
п.с
СЛИКАТА !!
скар, жено скар! :) :) :) :)
Dodusa, samo prilog bese na meso, ama sepak, uspeh e:))))
Fala ti za ubaviot recept :)
Се чудам Клара како да ја средиме за некои јадења?:)
Ne mozam link da ti stavam, vo prebaruvacot napisi slatko kiselo pilesko i vidi go receptot na MR, i komentarite...
Еве не и нас,да не останеме покуси :Р
Супер ручек,честитки за Кате