Јафа штангли
Млекото со шеќерот се става во сад на оган да зоврие, па се додаваат чоколадата и маргаринот. Откако ќе се стопат се трга садот на страна малку да олади.
Во меѓувреме од портокалите се цеди сокот и сокот од портокал се додава во предходно оладената смеса и на крај се додаваат мелените бисквиди.
На едниот лист обланда се нанесува половина од филот. Филот се распоредува рамномерно по целиот лист. Врз филот се редат ресаните.
Со дел од останатиот фил се пополнува просторот меѓу ресаните. Другиот лист обланда се премачкува со останатиот филот и тој се става врз ресаните со филот надолу. Внимателно се прилепува листот и потоа обландата се покрива со крпа, а врз него се става потежок плех за да листовите обланда убаво се залепат со филот.
Наредниот ден откако убаво ќе се стегне филот, се сечат штанглички.
Од овој рецепт излегуваат многу штангли кои се погодни за замрзнување и се вкусни со арома на портокал.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови