Палента штангли
Состојки
- За палента
- 250гр. палента
- 1л. вода
- 1лажичка сол
- 30гр путер
- Фил
- 250гр. чадена сланина
- 1 помал страк праз
- 1 сува пиперка
- 2лажици пармезан
- За покривање
- 3 парчиња тост кашкавал
- 3 лажици лебни трошки
Подготовка
Најпрвин подгответе го филот така што во тава на оган ставете малку масло и сланината. Кратко пропржете ја и додајте го сецканиот праз и сувата пиперка. Пржете додека празот омекне.
Потоа подгответе ја палентата
Во тенџете на оган ставете ја водата и солта и оставете ја да зоврие. Во зовриената вода постепено додавајте ја палентата и мешајте непрекинато.
Откако ќе се згусти тргнете ја од оган и додајте го путерот, мешајте додека се растопи путерот.
Во правоаголен калап ставете половина од подготвената палента, потоа нанесете го филот и пармезанот и додајте го остатокот од палентата.
Одозгора ставете го тост кашкавалот и презлата и ставете го калапот во загреана рерна на 200 степени 15 минути.
Приготвената палента ставете ја да се излади, а потоа исечете ја на средно тенки парчиња.
Палентата обично ја правам на брзинка со сиренце, ама овој пат сакав да сменам и да испробам нешто поинакво, па го смислив ова, и испадна навистиба вкусно, како еден вид солен колач од палента.