24
фев
2014
Палента со јајце на око
Водата ставете ја да зоврие со маслото и малку сол и потоа додавајте ја палентата со постојано мешање. Така да повари 2-3 мин. Потоа тргнете ја од огнот и додајте го кашкавалот, путерот и убаво измешајте.
Истурете ја во помало плехче и израмнете ја. Со лажица на четири места направете вдлабнатини и искршете по едно јајце и на секое ставете по малку сол и бибер. Ставете ги да се потпечат во загреана рерна на 250 степени околу 10-15 мин додека јајцето се зацврсти.
Готовата палента оставете ја малку да олади и послужете ја со јогурт.
Предлог за едноставно и вкусно јадење!
Лиценца: Сите права се задржани