Палачинки од спанаќ, чиа и овесно млеко
Чиа семето во овој случај ке ни биде замена за јајце.1 лажичка чиа семе се кисни со 3 лажици вода 10тина минути,додека не се направи желатинска маса.Се чисти спанаќот,се става во блендер заедно со овесното млеко,се блендираат убаво,се додава чиа семето,магдоносот,лукот,брашното,пецивото,се мати додека не се изедначи смесата. Се пржат на тавче. Од оваа смеса излегуваат 7 мали палачинки.
Како да направите домашно овесно млеко?
Соодносот треба да биде 1 спрема 5(на една лажица овесни снегулки -5 лажици вода).Се ставаат овесни снегулки да се киснат во вода преку нок,или најмалку 1 саат.Се ставаат во блендер и се блендираат убаво,се цеди низ газа и млекото е спремно.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови