Палачинки (без млеко)
Со рачна мешалка го матиме јајцето со солта и шеќерот. Го додаваме зејтинот и киселата вода. На крајот го додаваме брашното и убаво матиме да не ни останат грутчиња од брашното. Ја загреваме тавата, подмачкуваме со неколку капки зејтин, а и не мора воопшто, зависи во каква тава ги пржиме палачинките. Јас ги пржев во вок тавата. Малку е тешка за превртување, ама воопшто не се лепат.
Со мала црпка истураме од смесата. Ја пржиме палачинката од едната и од другата страна. Ја филуваме по желба и ја завиткуваме во ролат. Јас правев две дози бидејки дома речиси сите сме по благото и една доза ни е малку. Од две дози ми излегоа околу 17 палачинки. И ова тесто за палачинки беше моја идеја. На нас ни се допаднаа, се надевам и на вас. Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани
- аман доста, ќе им здосадат палачинките на гостиве.
- глупости, па не ли гледаш дека се различни гости :) :) :) :)