Отворени емпанади со буковки
Од двата вида на брашно, солта и содата замесете тесто со постепено додавање на вода. На крај додадете го и маслото и месете додека не добиете компактно тесто. Завиткајте го во фолија и оставете го да одмори 30 минути.
За тоа време на ленти исечете ги буковките и испржете ги на масло, додадете го на ситно исечкано лукчето и додадете го ѓувечот. Додадете ги сите останати зачини и оставете да се динста околу 15 минути. Тестото поделете го на 8 топчиња и секое расукајте го. Формирајте од сите кругови кошнички. Секоја кошничка наполнете ја со подготвениот фил. Вака наполнетите кошнички од тесто ставете ги на хартија за печење и печете ги во загреана рерна околку на 220 степени од 25 до 30 минти. Послужете ги топли со малку дробено сирење. Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови