Свинско со свежи буковки
Сежите буковки се мијат и са ставаат во тенџере со зовриена вода за да се обарат. Се оставаат на оган некое време да повријат, а потоа се тргаат од оган и се цедат.
Свинското месо се сечка ситно и се става во чинија, исто така се сечка ситно и сланината.
Во тава за пржење се става ситно издробениот кромид да се пржи, потоа се додава и свинското месо да се пржи.
После некое време се додаваат и буковката( претходно сварена) и ситно сечканата сланина. Во меѓувреме се меша за да не изгорат буковките. Се додава зачин и сето тоа се убаво меша.
Сето ова се остава да се испржи убаво додека не порумени месото.
Се сервира во чинија со различен вид на зеленчук.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
има право дани, може да се долее малку сос. од водата во која се варат (или барем мал дел од неа) да се додаде брашненце запржено во масло и да се провари.....ќе се убијам сега што немам буковки :) :) :) :)