Испечати

Свинско со свежи буковки

Свинско со свежи буковки

Состојки

  • 500 гр свежа буковка
  • 600 гр свинско месо
  • 300 гр сланина
  • 1 голема лажица зачин-вегета
  • 3 главици кромид

Подготовка

Сежите буковки се мијат и са ставаат во тенџере со зовриена вода за да се обарат. Се оставаат на оган некое време да повријат, а потоа се тргаат од оган и се цедат.
Свинското месо се сечка ситно и се става во чинија, исто така се сечка ситно и сланината.
Во тава за пржење се става ситно издробениот кромид да се пржи, потоа се додава и свинското месо да се пржи.
После некое време се додаваат и буковката( претходно сварена) и ситно сечканата сланина. Во меѓувреме се меша за да не изгорат буковките. Се додава зачин и сето тоа се убаво меша.
Сето ова се остава да се испржи убаво додека не порумени месото.
Се сервира во чинија со различен вид на зеленчук.