4
фев
2013
Освежителен пијалок од ѓумбир
Во едно мало тенџерче се ставаат изренданиот ѓумбир, кафеавиот шеќер и водата. Се става да зоврие, а потоа на тивко се вари 5 минути. Се остава покриено да отстои 30 мин.
Откако ќе подолади се процедува низ ситно сито во малечка тегличка која добро се затвора. Добро исцедете го ѓумбирот, за што повеќе арома. Сирупот може да се чува во фрижидер 2 недели.
За да го подготвите пијалокот во поголема чаша ставете 2 прста од сирупот, додајте сок од 1/2 лимон и 1/2 лимета, наполнете ја чашата со искршен мраз, додајте ги круговите лимета и дополнете со газирана вода.
Количеството на сируп за поединечно послужување, сокот од лимон и лимета можете се разбира да го прилагодите на вашиот вкус....
Лиценца: Сите права се задржани
Beti, proveri pp
проблемот со фотографијата е што е премногу тесна (па софтверот автоматски ја развлекол). Те молиме прати ни нова фотографија со пропорционална ширина и висина, па ние ќе ја смениме.
Ljubica, jas nemam ni eden takov recept, daj napisi da probame ....
По 100-ти пат,thanx LiliN!!!
Ај утре ќе сликнам,ако успеам хаха:))
Хаха срце е за јадење!