Освежителен пијалок од ѓумбир
Состојки
- За сируп
- 60 гр излупен и ситно изрендан свеж ѓумбир
- 200 гр кафеав шеќер
- 250 мл вода
- И уште за поединечно послужување
- 1/2 лимон, само сок
- 1/2 лимета, само сок
- 200 - 250 мл газирана вода
- 2 - 3 кругови лимета
- по потреба мраз
Подготовка
Во едно мало тенџерче се ставаат изренданиот ѓумбир, кафеавиот шеќер и водата. Се става да зоврие, а потоа на тивко се вари 5 минути. Се остава покриено да отстои 30 мин.
Откако ќе подолади се процедува низ ситно сито во малечка тегличка која добро се затвора. Добро исцедете го ѓумбирот, за што повеќе арома. Сирупот може да се чува во фрижидер 2 недели.
За да го подготвите пијалокот во поголема чаша ставете 2 прста од сирупот, додајте сок од 1/2 лимон и 1/2 лимета, наполнете ја чашата со искршен мраз, додајте ги круговите лимета и дополнете со газирана вода.
Количеството на сируп за поединечно послужување, сокот од лимон и лимета можете се разбира да го прилагодите на вашиот вкус....