Брзо и лесно јадење, погодно за топлото време.
1. Тиквичката и модриот патлиџан исечете ги на коцкички и во тава на оган со малку зејтин пропржете ги посебно па тргнете на страна.
2. Кромидост исецкајте го ситно и ставете го во тавата за пржење. Кога ќе се застакли додадете ја пиперката ситно исецкана, промешајте и оставете малку да се пропржи.
3. Потоа додадете го оризот и мешајте почесто за да не се залепи. На крај додадете ги парчињата тиквичка и модар патлиџан, ситно сецканиот магдонос и зачинете по вкус. Промешајте да се изедначи и префрлете во тава за печење. Додадете соодветно количество вода (во зависност колку ориз сте ставиле) и ставете во претходно загреана рерна.
Извадете, оставете малку да се излади, направете си убава салата и ручекот е готов.
Добар апетит.

Рецептот може да се подготви и во Гурмет 8 во 1 пекачот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани