Орео мента чизкејк (јубилеен 200 рецепт)
Полека, но сигурно стасав до мојот јубилеен 200 рецепт. Драги МР и сите активни членови на оваа прекрасна страна сакам, од срце, да ви се заблагодарам што ми го разубавувате секојдневието со вашите рецепти и што одвојувате време за моите. За овој скромен јубилеј ќе ви преставам еден рецепт исто така скромен и едноставен за приготвување кој се надевам дека ќе ви се допадне.
Подготовка:
1. Подготовка на бисквитот - Мелените бисквити и растопениот путер соединете ги и префрлете ги во калап на отварање, со дијаметар од 24 см, претходно обложен со хартија за печење. Со помош на лажица, притискајќи, измазнете ги рамномерно низ дното и од страните на калапот. Потоа ставете го калапот во фрижидер пола час да излади бисквитот.
2. Подготовка на кремот - Во сад на оган додајте ја слатката павлака, кога ќе зоврие додадете ги листовите мента, остранете го садот од оганот и оставете ги така листовите да остојат во павлаката околу 3 до 4 часа. Потоа процeдете ги листовите и остранете ги, нема да ви требаат повеќе. Ставете го желатинот во ладна вода да омекне десетина минути. Во меѓувреме изматете го со миксер крем сирењето, додека смесата не стане кремаста. Во друг сад изматете ги со миксер слатката павлака и шеќерот. Потоа соединетете ги двете смеси. Во сад на оган додадете го омекнатиот желатин, додека не се растопи, потоа додадете ги растопениот желатин и зелената боја и мешајте со шпатула, додека смесата не стане хомогена.
3. Кремот нанесете го врз изладениот бисквит и вратете го повторно калапот во фрижидер околу 3 до 4 часа. Послужете ја со омиленото овошје.
На здравје.
Лиценца: Сите права се задржани
Најпрво честитки за јубилејот.
Од се срце ти благодариме за неуморниот ангажман и посветеност во креирањето на прекрасни рецепти, со што нашата страна добива на квалитет. И како што велите вие: Во мојата кујна сѐ е зачинето со љубов. Таа љубов ја чуствуваат сите членови на Мои Рецепти.
Како начин да ви се заблагодариме за вашиот континуиран труд, по повод вашиот јубилеј, ви подаруваме JOY Апарат за палачинки, за кој сме повеќе од сигурни, дека ќе го искористите во подготовка на вкусни и несекојдневни рецепти за палачинки.
Ви посакуваме уште многу рецепти и желба за нивно споделување
Тимот на МР
Neka se mnozat.
Честитки за прекрасната 200ка и за сите убавини споделени од тебе овде, да ти се множат до бескрај. Честитки и за убавата награда, со здравје да си ја служиш, па ќе чекаме некој паланчинкаст специјалитет да не послужиш во твој стил :*