Орео мента чизкејк (јубилеен 200 рецепт)
Состојки
- За бисквитот
- 350 гр. орео бисквити
- 150 гр. путер
- За кремот
- 400 гр. крем сирење
- 450 гр. слатка павлака
- 100 гр. шеќер
- 30 гр. свежи листови мента
- прстофат зелена прехрамбена боја во прав
- 10 гр. желатин
Подготовка
Полека, но сигурно стасав до мојот јубилеен 200 рецепт. Драги МР и сите активни членови на оваа прекрасна страна сакам, од срце, да ви се заблагодарам што ми го разубавувате секојдневието со вашите рецепти и што одвојувате време за моите. За овој скромен јубилеј ќе ви преставам еден рецепт исто така скромен и едноставен за приготвување кој се надевам дека ќе ви се допадне.
Подготовка:
1. Подготовка на бисквитот - Мелените бисквити и растопениот путер соединете ги и префрлете ги во калап на отварање, со дијаметар од 24 см, претходно обложен со хартија за печење. Со помош на лажица, притискајќи, измазнете ги рамномерно низ дното и од страните на калапот. Потоа ставете го калапот во фрижидер пола час да излади бисквитот.
2. Подготовка на кремот - Во сад на оган додајте ја слатката павлака, кога ќе зоврие додадете ги листовите мента, остранете го садот од оганот и оставете ги така листовите да остојат во павлаката околу 3 до 4 часа. Потоа процeдете ги листовите и остранете ги, нема да ви требаат повеќе. Ставете го желатинот во ладна вода да омекне десетина минути. Во меѓувреме изматете го со миксер крем сирењето, додека смесата не стане кремаста. Во друг сад изматете ги со миксер слатката павлака и шеќерот. Потоа соединетете ги двете смеси. Во сад на оган додадете го омекнатиот желатин, додека не се растопи, потоа додадете ги растопениот желатин и зелената боја и мешајте со шпатула, додека смесата не стане хомогена.
3. Кремот нанесете го врз изладениот бисквит и вратете го повторно калапот во фрижидер околу 3 до 4 часа. Послужете ја со омиленото овошје.
На здравје.