Кремасто, портокалово, декоративно тортиче кое по структура наликува на чизкејк....Топло ви препорачувам да го пробате, особено љубителите на кремасти торти.

Подготовка
1. Жолчките ги соединуваме со шеќерот, солта, кората и сокот од портокал.
2. Ги ставаме во тенџере и ги вариме на средна температура со постојано мешање околу 15 минути, за да згуснат и да се сварат жолчките.
3. Желатинот кој сме го раствориле во 100 мл вода, го додаваме кон сварениот портокалов крем, соединуваме и го тргаме на страна да се излади.
4. Ја матиме слатката павлака и го додаваме изладениот крем, соединуваме.
5. Портокалите ги лупиме, ги сечкаме на кругови и ги редиме во тава со обрач или тава за чизкејк.
6. Ја распоредуваме кремастата смеса во тавата.
7. Сечеме круг од готова кора за торта со големина на тавата и ја ставаме врз кремот во тавчето.
8. Оставаме добро да се излади.
9. Потоа внимателно со нож поминуваме околу тортата и ѕидот на тавчето, ја превртуваме на тањир за сервирање и служиме.

Забелешка

Кремот со жолчите треба да се излади, ама да не се згусне премногу и пред да се стави во слатката павлака да се измиксира за да нема грутки и да е мазен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани