Мерак работа, ем си фантазираш, ем си готвиш, ем брз колачот за подготовка...

Подготовка
1. Рерната ја вклучуваме на 165 степени со вентилатор или 180 степени без вентилатор.
2. Маслото, сокот, јајцата, ванилиниот шеќер и смесата од паковката ги ставаме во еден сад. Матиме до згуснување на смесата.
3. Додаваме кора од портокал, чоколадни капки и сечканото суво грозје.
Промешуваме до соединување.
4. Смесата ја истураме во намрсен и набрашнет калап за куглоф.
5. Печеме околу 45 минути.
Пробуваме со чепкалка, ако е сосема сува, печен е.
6. Го ладиме, па го превртуваме во садот во кој ќе го сервираме.
7. Наросуваме шеќер во прав.

Забелешка
Во подготовката на пакувањето пишува дека треба да се додаде вода во смесата, а јас неа ја заменив со сок од портокал.
Превкусно!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани