Испечати

Оранж фантазија куглоф

Оранж фантазија куглоф

Состојки

  • 1 пакување готова смеса за овошен колач (Fantaѕia Fruit Cake mix)
  • 3 јајца
  • 100 мл свежо цеден сок од портокал
  • 125 мл масло
  • 50 гр чоколадни капки Фантазија
  • рендана кора од 1 портокал
  • 1 пакетче суво грозје фантазија и
  • 1 ванилин шеќер Фантазија (кои се наоѓаат во пакувањето)
  • шеќер во прав за посип

Подготовка

Мерак работа, ем си фантазираш, ем си готвиш, ем брз колачот за подготовка...

Подготовка
1. Рерната ја вклучуваме на 165 степени со вентилатор или 180 степени без вентилатор.
2. Маслото, сокот, јајцата, ванилиниот шеќер и смесата од паковката ги ставаме во еден сад. Матиме до згуснување на смесата.
3. Додаваме кора од портокал, чоколадни капки и сечканото суво грозје.
Промешуваме до соединување.
4. Смесата ја истураме во намрсен и набрашнет калап за куглоф.
5. Печеме околу 45 минути.
Пробуваме со чепкалка, ако е сосема сува, печен е.
6. Го ладиме, па го превртуваме во садот во кој ќе го сервираме.
7. Наросуваме шеќер во прав.

Забелешка
Во подготовката на пакувањето пишува дека треба да се додаде вода во смесата, а јас неа ја заменив со сок од портокал.
Превкусно!