Пандишпан
5белки се матат во цврст снег и се додаваат кон изматените жолчки со шеќерот, брашното и пецивото. Се пече во подлабок плех бр 32

Фил
Јагодите со 250гр шеќер и 300мл вода се ставаат на оган да зовријат. Настрана се разматуваат пудинзите со 300мл вода и се додаваат кон претходната смеса. Внимателно се меша за да не се растури овошјето и се трга да се олади. Млакиот фил се истура врз пандишпанот и откако убаво ќе се олади одозгора се става шлагот и се декорира по желба
Овој колач е многу едноставен и за подготовка и е лесен за јадење-се јаде во еден здив

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално