Овој пудинг е идеален за доручек, барем јас така го јадам, повеќе како оброк отколку како десерт. Многу е здрав и многу вкусен. Количината е за двајца.

Подготовка

Млекото можи да го купите или сами да си го подготвите.
Додадете ги чиа семето, муслите и семињата, измешајте и оставете најмалку половина час да впијат убаво и да набабрат. Одозгора ставете овошје по ваш избор, јас ставив боровинки и 2 лажици сируп од урми, вие може да си ставите јаворов или агаве сируп или мед.
Редењето можи да го направите и поинаку - ред пудинг, ред овошје и сируп.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови