Овошен пудинг од мусли и чиа семе
Состојки
- 350 мл веган млеко (кокосово, бадемово, оризово...)
- 2 лажици чиа семе Натура
- 2 лажици овошни мусли Натура
- 1 лажица микс од 2 семиња Натура
- 2 лажици овошје по ваш избор
- 2-3 лажици сируп од урми (или мед или друг сируп)
Подготовка
Овој пудинг е идеален за доручек, барем јас така го јадам, повеќе како оброк отколку како десерт. Многу е здрав и многу вкусен. Количината е за двајца.
Подготовка
Млекото можи да го купите или сами да си го подготвите.
Додадете ги чиа семето, муслите и семињата, измешајте и оставете најмалку половина час да впијат убаво и да набабрат. Одозгора ставете овошје по ваш избор, јас ставив боровинки и 2 лажици сируп од урми, вие може да си ставите јаворов или агаве сируп или мед.
Редењето можи да го направите и поинаку - ред пудинг, ред овошје и сируп.
На здравје.