Нутела обланди
Млекото, шеќерот, ванилиниот шеќер и путерот загревајте ги додека не се стопат путерот и шеќерот. Во топлата смеса додадете ги бисквитите, измешајте, па додадете ги јајцата едно по едно постојано мешајќи. Не се грижете, смесата е врела и јајцата нема да останат живи.
Потоа поделете ја на два дела и во едниот дел ставете ги мелените лешници, а во другиот дел чоколадото. Оставете се да се олади, па филувајте ги обландите неизменично со темен, па со светол фил. Одозгора ставете нешто тешко за убаво да се спојат и оставете ги најдобро преку ноќ. Потоа ставете ја глазурата.
За глазурата растопете го чоколадото на пареа со маслото и прелијте преку готовите обланди. Додека е уште топло наросете мелени лешници одозгора.
Пријатен апетит!
Лиценца: Сите права се задржани