Во тенџере на оган ставете ја водата и малку сол да зовријат.
Постепено додавајте ја палентата и мешајте додека се згусти.
Во топлата сварена палента додајте го путерот и малку бибер и убаво измешајте.
Претурете ја сварената палента во округол силиконски калап.
Убаво израмнете.
Врз сеуште топлата палента нанесете го пармезанот.

Крема од грашок и аспарагус
Во тава на оган ставете го путерот да се растопи.
Додајте го ситно сецканиот кромид и пропржете додека омекне.
Додајте го грашокот(јас користев смрзнат) и претходно обарениот аспарагус исечен на покрупни парчиња.
Покријте ја тавата со капак и со повремено мешање оставете да се готват 10 минути.
Претурете ги грашокот и аспарагусот во кујнски сецко, додајте ги сварените жолчки, рикотата, малку сол и црн бибер и убаво изблендирајте.

Нанесете ја кремата врз слојот од палента и пармезан.
Одозгора премачкајте со павлаката, наредете кругови од варените јајца, кругови шери домати, магдонос и копар.

Може да ја оставите малку да се стегне во фрижидер, а може и веднаш да ја послужите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани