Домашните њоки ми се секогаш најубави. Овојпат ги направив со грашок и беа превкусни.

Подготовка:

1. Сварете ги компирите со лушпа. Сварете го и грашокот. Јас го варев 15 минути. Откако компирите малку ќе подоладат излупете ги и испасирајте ги заедно со млакиот и убаво исцеден грашок. Додајте го маслото и прстофат сол.
2. Потоа постепено додавајте го брашното. Замесете тесто и ако има потреба додајте уште брашно. Завиткајте го тестото во најлонска фолија и оставете да отстои во фрижидер 30 минути.

3. Во меѓувреме направете ја кремата Исечете ја тиквата на коцки и ставете ја во тава со малку вода. Покријте и гответе на тивок оган додека подомекне. Префрлете ја тиквата во висок сад за блендирање.
Додајте го сирењето, маслото, солта, биберот и малку од водата во која е готвена тиквата. Изблендирајте убаво со рачен блендер.

4. Откако тестото ќе отстои, на набрашнета површина, земајте од тестото и формирајте стапчиња кои нема да бидат многу дебели. Исечете ги на мали парчиња(њоки) . Ставете ги да се варат во зовриена солена вода. Готови се штом излезат на површината на водата. Извадете ги и измешајте со кремата.

*Забелешка - Ако не можете да најдете зреено рендано козјо сирење, заменете го со пекорино, но може и со пармезан или грана падано.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани