Необичен варен ролат со кисела зелка
Прочитајте го рецептот, па ќе ви стане јасно зошто ролатот е необичен.
Да напоменам дека има специфичен вкус и без сите зачини, а оревчето и кимот додатно го зајакнуваат.
1. Лебот исецкајте го на коцкички, со големнина околу 1х1цм и ставете го во подлабок сад.
2. Стоплете го млекото, па прелијте го врз лебот.
3. Киселата зелка исецкајте ја на ситни коцки и добро исцедете ја.
4. Ситно сецканиот лук (може и во прав), оревчето, јајцата и сецканата кисела зелка додадете ги во садот со леб и добро промешајте.
5. Посолете, ставете црн пипер и ким и пак добро измешајте ја смесата да се соедини.
И еве го необичниот дел
6. Земете чиста кујнска крпа, натопете ја во топла вода и добро исцедете ја. Врз неа ставете ја целата смеса и формирајте ролат (внимавајте, не треба да има празнини).
7. Врзете го од двете страни ролатот.
8. Ставете голем сад (да го собере ролатот), наполнете со вода, посолете и кога ќе почне да врие, намалете ја температурата на средно и ставете го ролатот смотан во крпа.
9. Се вари околу 30мин. Ролатот се вади од садот со вода и се лади без да се вади крпата. Кога ќе се излади скроз, се вади внимателно крпата. Пред сервирање треба добро да се излади ролатот.
Совети. Ако зелката или лебот ви се исецкани на крупни парчиња, нема да можете да го расечете ролатот. Садот со водата во која ќе се вари ролатот, може да го ставете да се загрева пред да започнете со подготовката на ролатот.
Лиценца: Сите права се задржани