Ролат со мелено месо и варен компир
За почеток на подготовката на рецептот да напоменам дека компирите треба да се варени.
Се замесуваат сите состојки за ролатот, се зачинуваат со мајчина душица,сол,мелен црн бибер и босилек.
Замесената смеса се расплеснува на алуфолија која претходно ја премачкавме со масло.
Откако ја распославме убаво врз неа рендаме насекаде од варените компири. Наросуваме од ренданиот кашкавал и полека виткаме ролат.
Откако ќе го завиткаме, го стегаме убаво од двата краја, виткајќи ја алуфолијата.
Го ставаме ролатот да се пече во рерна околу 40 минути завиткан .
Потоа го вадиме од рерна го одвиткуваме пажливо, па со четка земаме од сосот за скара и го премачкуваме ролатот по должина и секаде каде може да допреме со четката.
Го враќаме назад ролатот уште 10 минути да се попече.
Кога е готово, печено, го вадиме од рерна и оставаме малку да постои, а потоа го сечеме на посакуваната дебелина и сервираме.
Ви предлагам да го спремите за празниците, превкусно е.
На здравје
Среќни празници
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови