Ролат со мелено месо и варен компир
Состојки
- 2 компири
- 300гр мелено свинско месо
- 200гр мелено телешко
- 1главица кромид
- 50 гр презла
- 20 гр магдонос
- 1 јајце
- 1 лажица мајчина душичка, сол, мелен црн бибер,босилек
- 5лажици сос за скара ( BBQ )
- 100 гр кашкавал
Подготовка
За почеток на подготовката на рецептот да напоменам дека компирите треба да се варени.
Се замесуваат сите состојки за ролатот, се зачинуваат со мајчина душица,сол,мелен црн бибер и босилек.
Замесената смеса се расплеснува на алуфолија која претходно ја премачкавме со масло.
Откако ја распославме убаво врз неа рендаме насекаде од варените компири. Наросуваме од ренданиот кашкавал и полека виткаме ролат.
Откако ќе го завиткаме, го стегаме убаво од двата краја, виткајќи ја алуфолијата.
Го ставаме ролатот да се пече во рерна околу 40 минути завиткан .
Потоа го вадиме од рерна го одвиткуваме пажливо, па со четка земаме од сосот за скара и го премачкуваме ролатот по должина и секаде каде може да допреме со четката.
Го враќаме назад ролатот уште 10 минути да се попече.
Кога е готово, печено, го вадиме од рерна и оставаме малку да постои, а потоа го сечеме на посакуваната дебелина и сервираме.
Ви предлагам да го спремите за празниците, превкусно е.
На здравје
Среќни празници