Најубава гибаница што најлесно се прави
1. Се загрева рерната и се подготвува тавчето со хартија за печење.
2. Припремете го преливот- добро се матат јајцата па се додаваат водата, зејтинот, јогуртот и солта и пак убаво се измешува да се изадначи.
3. Се зема една кора, се постила на работната маса и рамномерно се попрскува со малку сирење. Преку неа се става друга кора, се попрскува со малку сирење и така се редат корите(една врз друга), се додека корите и сирењето не се потрошат.
4. Се завиткуваат корите во еден голем ролат и се поделува со мали засеци на десет еднакви делови. Со остер нож се сечат парчиња и се редат во тавчето со посирокиот
дел према дното. Ако е тавчето долгнавесто, се ставаат во еден ред по пет парчиња, а ако е тркалезно, тогаш еден круг се става прво во средината, а другите се редат околу.
5. Внимателно секој круг се полива со преливот, така што сите кругови да бидат
подеднакво натопени, за после да биде рамномерно сочно.
6. Се пече 40 мин или додека гибаницата добро не поруменее.
На овој начин е многу лесно да се направи убава и сочна гибаница и нема шанси да не ви се погоди. Овој начин на правење го смислив (лично јас, се е легално и добив дозвола од себе да го објавам), за да не ми се случи гибаницата да не биде доволно висока, нарасната, како што ми се случувало понекогаш.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови