Најубава чоколадна розен торта
Чоколадно, чоколадно.....Филот е да го грабниш и да бегаш.
За сите љубители на чоколадото...
Во касерола на оган се налива 800 мл млеко и шеќерот.
Се остава на тивко да се загрева.
Во еден сад се соединуваат 3 пудинзи и густинот со преостанатото млеко.
Убаво се промешува.
Во танок млаз се тура во млекото и се вари до згуснување.
Додека е топло се ставаат 2 вида на чоколадо да се стопат. Убаво се промешува.
Се покрива касеролата со прозирна фолија за кремот да не фати коричка.
Се лади.
Во изладената смеса се додава претходно изматениот путер.
Се зема една розен кора, се става 2-3 полни лажици фил и убаво се нанесува.
Постапката се повторува со сите розен кори.
Кога е готова се покрива со некој тежок предмет, нека постои само 15 минути.
Потоа тортата оди во фрижидер на ладење.
Пред сервирање се нанесува чоколадната глазура, се сечи на штангли и се сервира.
Излегуваат 65-70 штангли
Лиценца: Сите права се задржани
најди жртва од Врање и ќе имаш розен кори-најубави се српските, ха, ха или јас кога ќе одам за ниш да купам за цело друштво
инаку, кате, одлична ти е розенкава