Најубава чоколадна розен торта
Состојки
- 1 паковање готови розен кори
- ФИЛ
- 1л млеко
- 1 пудинг со вкус на лешник
- 2 пудинзи со вкус на чоколадо
- 3 лажици густин
- 7 лажици шеќер
- 125гр путер несолен
- 200гр чоколадо со лешник
- 50гр црно чоколадо за готвење
- глазура
- 20гр путер
- 100гр чоколадо
Подготовка
Чоколадно, чоколадно.....Филот е да го грабниш и да бегаш.
За сите љубители на чоколадото...
Во касерола на оган се налива 800 мл млеко и шеќерот.
Се остава на тивко да се загрева.
Во еден сад се соединуваат 3 пудинзи и густинот со преостанатото млеко.
Убаво се промешува.
Во танок млаз се тура во млекото и се вари до згуснување.
Додека е топло се ставаат 2 вида на чоколадо да се стопат. Убаво се промешува.
Се покрива касеролата со прозирна фолија за кремот да не фати коричка.
Се лади.
Во изладената смеса се додава претходно изматениот путер.
Се зема една розен кора, се става 2-3 полни лажици фил и убаво се нанесува.
Постапката се повторува со сите розен кори.
Кога е готова се покрива со некој тежок предмет, нека постои само 15 минути.
Потоа тортата оди во фрижидер на ладење.
Пред сервирање се нанесува чоколадната глазура, се сечи на штангли и се сервира.
Излегуваат 65-70 штангли