Многу често во недостаток на време и слободни раце за мешање по тенџериња, а гладни усти чекаат ручек мора да се снајдам да завршам се, па си најдов решение.
Тавата за печење ставете ја на вклучена рингла на тивок оган. Се става малку зејтин и по ред се става сецканиот зеленчук. Прво кромидот се сецка, се додава морковот, па зелката и компирот. Се сецка на парченца сланината и таа се додава во тавата се промешува се додава оризот и доматното пире. Зачинете по желба и додадете врела вода да го прелие зеленчукот. Вака спремна тавата се става во релна на 180 степени и се заборава во наредните час и половина. И ручекот е спремен.
Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови