Најмеки посни кифли
Најмеки е она што е најдоброто кај посните кифли, ова тесто го нуди токму тоа.
Формите и големината секогаш се по избор, не се киснат така нема да ви одземаат премногу време.
Квасецот,се зафаќа со 1 филџанче вода 2-3 лажици брашно и на врв на лајче шеќер да стаса.
За тоа време во сад додаваме топла вода, масло ,шеќер и сол, биеме кратко со миксер 1-2 минутки. Го ставаме и брашното, но 1 кг. од целокупната потреба го додаваме стасаниот квасец и замесуваме тесто. Понатаму се додава брашно по потреба за меко тесто, толку меко што работната површина ја премачкуваме со масло и во тие услови нема да се лепи воопшто.
Киниме топчиња и образуваме форми по избор, јас некои ги сукав во врвки па правев цвет,други се сукани и насечени,топчиња. Се редат во плех над хартија се премачкуваат со премаз, се роси сусам и се печат на 200 нека заруменат, се вадат, па се прекриваат со крпа и врз крпата најлон за кратко време 2-3 мин.подоцна се вади најлонскиот дел.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови