Низ рацеве ми поминале килници брашно, подготвувајќи зелници, пити, погачици,погачи, кифли....но овие кифли се ВРВ.
Меки, воздушасти, лесни...
Колку и да ги стегнам со раката, тестото си се враќа во првобитната положба.
Можеби ќе ви треба повеќе време и трпение за подготовка, бидејќи тестото е исклучлително меко, но мојот совет е неизбежно да ги подготвите,
Еве ќе се обидам и многу детално да го напишам рецептов.

Загрејте го млекото, стопете го путерот и одделете ги јајцата.
Двете белки од јајцата и една жолчка од јајце одат во тестото, а 1 жолчка се остава за да се премачкаат.
Ставете шеќер и квасец во топло млеко, малку брашно а потоа промешајте.
Оставете квасецот да се активира.
Сега во вангличка се ставаат активираниот квасец, 1 цело јајце и 1 белка,
стопен путер (оставете една лажица) прашок за пециво и оцет,сол и повторно измешајте добро.
Додадете го остатокот од брашното и месете го тестото.
Тестото е меко и лепливо и треба да го месите многу, околу 10 минути.
При месењето на дланката ставајте си по 1,2 капки масло и така многу лесно ќе се меси.
Подигнете го тестото, ставете го одвоениот путер во сад, а потоа спуштете го
тестото.
Промешајте го малку, свиткувајќи ги краевите на тестото навнатре.
покријте го со крпа или фолија и оставете на топло место еден час .
Извадете го тестото од садот со рацете.
Поделете го на 18-20 приближно еднакви делови.
Од секое парче Формираме топка свиткувајќи ги краевите нанадвор .
Ставете ја хартијата за печење во голем плех од рерна.
Земете една топче, а потоа користете ги врвовите на прстите за да ја растегните малку топката, како коричка.

Потоа нежно со сукало, ако треба поистегнете го топчето, односно коричката.
Завиткајте како кифла.
Наредете ги во голем плех од релната, оставете ги да отстојат околу 30 минути.
После тоа, вклучете ја рерната на 200 Целзиусови степени за да се загрее и
оставете ги да стојат што е можно подолго.
Печете ги кифлите околу 20 минути додека убаво не зацрвенат.
Покријте ги печените ролни со крпа и оставете ги да отстојат 10 минути.
Сервирајте, правете сендвичи...и уживајте

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани