Најмеки ванилици (посни)
Ова е рецепт за најмеките ванилици кои некогаш ги имам пробано, едноставно се топат во уста.
Во сад за матење, со миксер се мати маргаринот. Се додаваат маслото, минералната вода и шеќерот во прав. Потоа постепено се додава брашното (до максимум 700 грама). Тестото треба да биде меко.
На набрашнета површина се става дел од тестото и внимателно се расукува до дебелина од 5-7 мм.
Се сечат разни форми (со мали модли или мала чашка) и се печат во подмачкан плех со маргарин или во плех на хартија за печење. Внимавајте при печењето да останат бели.
Од оваа количина на состојки излегуваат најмалку два плеха од шпорет.
Додека се пече едниот плех, подготвувајте ги ванилиците за другиот плех.
Веднаш по вадењето од рерна, се лепат по две ванилици со мармалад и се валкаат во шеќер во прав.
Готовите ванилици можете да ги чувате во затворен сад повеќе денови. Остануваат меки и свежи.
Бидејќи овие ванилици се посни, ќе бидат дел од мојата Бадникова трпеза...
Среќни Божиќни празници!
Лиценца: Сите права се задржани
1 margarin ? kolku e po gr.
i 3 мали филџани масло? kolkaf ti je finzalot golem po ml
fala i poz
маргарин = 250 гр. :)
од ванилиците најубав дел ми е јадењето. една ваниличка, едно залче, ама кога ќе треба да ги лепам и валакам смрт ми е. за утеха си јадама додека ги спремам :) :) :) :)