Најмеки ванилици (посни)
Состојки
- 700 гр. брашно
- 1 маргарин
- 3 мали филџани масло
- 5 лажици минерална вода
- 6 лажици шеќер во прав
- по желба/потреба мармалад
Подготовка
Ова е рецепт за најмеките ванилици кои некогаш ги имам пробано, едноставно се топат во уста.
Во сад за матење, со миксер се мати маргаринот. Се додаваат маслото, минералната вода и шеќерот во прав. Потоа постепено се додава брашното (до максимум 700 грама). Тестото треба да биде меко.
На набрашнета површина се става дел од тестото и внимателно се расукува до дебелина од 5-7 мм.
Се сечат разни форми (со мали модли или мала чашка) и се печат во подмачкан плех со маргарин или во плех на хартија за печење. Внимавајте при печењето да останат бели.
Од оваа количина на состојки излегуваат најмалку два плеха од шпорет.
Додека се пече едниот плех, подготвувајте ги ванилиците за другиот плех.
Веднаш по вадењето од рерна, се лепат по две ванилици со мармалад и се валкаат во шеќер во прав.
Готовите ванилици можете да ги чувате во затворен сад повеќе денови. Остануваат меки и свежи.
Бидејќи овие ванилици се посни, ќе бидат дел од мојата Бадникова трпеза...
Среќни Божиќни празници!