Наполеон торта со јагоди (посно)
Посна верзија на прекрасната Наполеон торта со јагоди. Се дели лиснатото тесто на 4 дела и секој дел се печи во правоаголно тавче во загреана рерна. Се остава лиснатото тесто убаво да се излади.
Во меѓувреме се приготвува филот. Се блендираат јагодите, се додава оризово млеко да дојде вкупно количина 500мл. Се ставаат да зовријат на оган заедно со шеќерот. Настрана 100мл оризово млеко се мати со прашоците за пудинг и малку шеќер. Сето ова се додава во зовриеното млеко со јагоди и се вари како пудинг. Откако ќе се згустне смесата се додава маргаринот сечен на коцки и се меша додека не се растопи. Се остава филот убаво да се излади и се филова, ред кора, ред фил и така до крај. На крајот да завршува со фил
Се украсува или со издробено лиснато тесто, со бадеми или со јагоди(по ваша желба) се остава во фрижидер да стои неколку часа па потоа се сечи. Најубава е кога ќе отстои 2 дена.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови