Наполеон е популарна торта во Русија, која ја обожават сите.

Подготовка:

1. За тесто - Во брашно додајте маргарин, со рака растријте го и додајте јајце, сол и оцет. Замесете тесто. Тесто поделете го на 8 топчиња, покријте ги со најлонска фолија и оставете во фрижидер на 15 минути да одмори. Во меѓувреме подгответе го филот.
2. За фил - Млекото ставете да зоврие. Во друг сад изматете јајца со шекер, ванила и нишесте.
Пола од млеко истурете во смесата и измешајте. Додајте ја сета смеса во тенџере и варете крем. Во сварениот фил додајте путер да се стопи. Оставете го да остине.
3. Од тестото земајте по едно топче, сукајте го тенко. Со округла форма сечете кругови. Круговите издупчете ги со вилушка. Печете на температура од 200 степени, 6 минути.Така направете со сите кори.
Оставете ги да истинат.
4. Филувајте ги корите со фил. Оставете една кора за украсување. Последната кора изблендирајте во блендер да испаднат ронки. Со ронките посипете ја тортата. Оставете ја во фрижидер околу 2 саати да впие кремот. Потоа, исечете ја тортата на парчиња и уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани