Мусака со тиквички
Чекор 1.
Подготовка на заливката -сос
Во погоден сад во растопен маргарин, брашното пропржете го 2-3 минути со стално мешање. Во пропрженото брашно налијте го млекот (ладно) со стално мешање и варете го 10-15 минути. Кога ќе биде готово, посолете и тргнете да се поодлади, па додадете ги изматените јајцата, павлаката, пармезаноти ако треба досолете и измешајте да се смесата изедначи.
Чекор 2.
Подготовка на тиквичките
Тиквичките да се излупат ,исечат по должина на ленти со должина околу 10 см. и со дебелина до 5 мм. Во загреано масло, да се изврши похување на тиквичките на тај начин што лентите тиквички се посолуват се валкат во брашно, па во изматените јајца и се пржат од двете страни да добијат жолтеникава боја.
Чекор 3.
Подготовка на меленото месо
Во загреано масло, пропржете го ситно исецканиот кромид да благо порумени, потоа додадете го меленото месо и пржете го додека да постане растресито и да порумене, додадете го мешаниот зачин, мелен бибер, алева пиперка, посолете и измешајте.
Чекор 4. Редење во садот за печење и печење
Во соодветен сад предходно подмачкано, наредете слој од 1/2 похованите тиквички, врз нив распоредете го подготвеното месо, а врз него распоредете ги останатите тиквички. Вака сложената мусака ја ставаме во загреана релна на 200 степени и добро да се загрее (околу 10-15 минути). Го вадиме од рерната и рамномерно ја залеваме со подготвената заливка-сос и повторно ја вракаме во рерната и печеме уште околу 30 минути додека да се добие златна боја. Поодладете ја и добар апетит.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови