Испечати

Мусака со тиквички

Мусака со тиквички

Состојки

  • 1,3 кг. тиквички (или 4 парчиња средна големина)
  • 100 гр. брашно, за поховање на тиквичките
  • 60 гр.(1,средна главица) кромид
  • 400 гр. месо мелено
  • 3 бр. јајца, за поховање на тиквичките
  • по 1 кафена лажичка алева пиперка,мешан зачин
  • по вкус бибер мелен и сол
  • 100мл. маст или масло (за поховање на тикв. и пржење на месото)
  • 20 гр.(1 лажица супена) брашно
  • 20 гр. маргарин
  • 500 мл. млеко
  • 1-2 бр. јајца
  • 2 лажици супени павлака кисела
  • 2 лажици супени пармезан (може и без него)
  • по вкус сол

Подготовка

Чекор 1.
Подготовка на заливката -сос
Во погоден сад во растопен маргарин, брашното пропржете го 2-3 минути со стално мешање. Во пропрженото брашно налијте го млекот (ладно) со стално мешање и варете го 10-15 минути. Кога ќе биде готово, посолете и тргнете да се поодлади, па додадете ги изматените јајцата, павлаката, пармезаноти ако треба досолете и измешајте да се смесата изедначи.

Чекор 2.
Подготовка на тиквичките
Тиквичките да се излупат ,исечат по должина на ленти со должина околу 10 см. и со дебелина до 5 мм. Во загреано масло, да се изврши похување на тиквичките на тај начин што лентите тиквички се посолуват се валкат во брашно, па во изматените јајца и се пржат од двете страни да добијат жолтеникава боја.
Чекор 3.
Подготовка на меленото месо
Во загреано масло, пропржете го ситно исецканиот кромид да благо порумени, потоа додадете го меленото месо и пржете го додека да постане растресито и да порумене, додадете го мешаниот зачин, мелен бибер, алева пиперка, посолете и измешајте.
Чекор 4. Редење во садот за печење и печење
Во соодветен сад предходно подмачкано, наредете слој од 1/2 похованите тиквички, врз нив распоредете го подготвеното месо, а врз него распоредете ги останатите тиквички. Вака сложената мусака ја ставаме во загреана релна на 200 степени и добро да се загрее (околу 10-15 минути). Го вадиме од рерната и рамномерно ја залеваме со подготвената заливка-сос и повторно ја вракаме во рерната и печеме уште околу 30 минути додека да се добие златна боја. Поодладете ја и добар апетит.