Мусака со рендани компири
Исчистете го кромидот исецкајте го и ставете го да се пржи во врело масло. Потоа додадете го месото зачинете со сол, бибер, мешан сув зачин и нека се пржи на тивок оган. Готовото месо оставете го настрана.
Компирите излупете ги и изрендајте ги на крупната страна од рендето.
Во тепсијата за печење ставете половина од компирите, над компирите ставете го месото и додајте ги останатите компири па прелијте ги со водата. Изматете ги јајцата, додадете го млекото и со лажица нанесувајте од смесата брз компирите да има насекаде.
Печете во загреана рерна од 180 степени 1 час и 10 минути.
Послужете ја мусаката топла со свежа салата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови