Кромидот го сечкаме и го ставаме да се пропржи, па го додаваме меленото месо. При крајот на пржењето додаваме мешан сув зачин по вкус, 1/2 од лажичето мускатно оревче, буковец, оригано и мелен црн бибер. Меленото месо ни е спремно.

Бешамелот е класика, ама ај да го пишам моето објаснување.
Путерот го ставаме да се стопи. Кога ќе се загрее ги додаваме трите лажици брашно, промешуваме со рачна маталка. Кога ќе го почувствуваме пријатниот мирис (а тоа е после дваесетина секунди) го додаваме млекото. Јас гледам млекото да ми е жешко за да не се направат грутчиња ( иако сум ставала и ладно, ама тогаш навистина треба да изигравам миксер со маталката...хаахах). Додавам потоа мешан сув зачин, по вкус и останатото мускатно оревче. Го мешам додека да се згусне.

Во тавче, кое е намастено, ставам ред кори, ред бешамел, ред месо. Доколку сакате можете да рендате кашкавал над секој ред месо. Јас ставам само на последниот ред бешамел и тогаш го рендам кашкавалот.
Се пече на 200 степени околу 35-40 минути.

Добар апетит!!

Забелешка
Слушам дека некои домаќинки кога подготвуваат лазањи, корите прво малку ги варат. Јас корите ги ставам така - од кутија директно. Ама мислам дека количината на бешамел доколку прво се варат, е помала.
И уште нешто, во намастеното тавче прво ставете малку бешамел, па потоа првиот ред кори.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови