Монте десерт во чаша
Превкусниот популарен десерт....
Пудингот се вари стандардно, во жешко се додава чоколадото и путерот. Се меша енергично да се стопи.
Павлаката се загрева и се излева врз искршеното чоколадо. Се’ убаво се меша додека се добие хомогена смеса.
На дното од чашите се става по 1 или 2 ситно кршени бисквити, па ванилин фил, пак бисквити, па ванилин фил и најгоре се полева ганаш.Филовите се излеваат топли во чашата.
Се ладат на собна температура., па во фрижидер.
Јас наполнив 9 чаши, тоа зависи од големината на чашите, моите беа помали.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани