Монте колач
1. Бисквит* Се матат белките во цврст снег се додаваат шеќерот и жолчките па пак се мати и постепено се додаваат другите состојки.
2. Смесата се итура во тава со димензии 30х40 обложена со хартија за печење и се пече на 180 Ц.
3. Бисквитот кога ќе се испече се попрскува со 10 лажици ладно млеко и се остава на страна.
4.Од млекото вадиме малку на страна и внатре го раствараме густинот и шеќерот а остатокот го вариме.Вариме густ крем и кога е готово го тргаме на страна и го покриваме со проѕирна фолија да не фати кора одозгора.
5. Кога ќе се олади го додаваме маргаринот и матиме убаво со миксер.
6. Кафеав крем*
7. Во течната слатка павлака го додаваме чоколадото искршено на парчиња и вариме на тивко чоколадото да се растопи мешаме но пазиме смесата не смее да зоврие.Го тргаме кремот на страна и го оставаме убаво да се олади.
8. Врз бисквитот прво го ставаме белиот крем и израмнуваме добро и одозгора поливаме со кафеавиот крем.
9. Колачот се остава преку ноќ да се олади за глазурата добро да се стегне....
...............Јас го правев со 300 гр. млечно чоколадо па затоа глазурата е посветла........
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
ги маваше по дома со камшик додека да сликаш?
или ги правеше кога нема никој дома? :) :) :) :)
■12 л. густин
■1/2 л. слатка павлака
zdravo maja izvini ama sakam da te prasam dali ovie se vo liter ili lajci .. sakam da go napravam ama sakm da bidam sigorna.. ke te cekam da mi kazis.. fala