Превкусен колач, топла препорака...))))

1.На хартија за печење се распоредуваат 250 гр. крупно сецкани, претходно потпечени ореви, па врз нив се излева изматената кора, која се поготвува стандардно.
Се печи на 180 околу 20 мин..
Топла се премачкува со чоколаден крем, јас со Линолада со лешник, (повкусна ми е и од Нутела) .Од тегличката од 350 гр. малку ми остана, значи по потреба,околу 250гр..

2.За филот се матат жолчките, им се додава брашното и пудинзите и млеко колку да се добие течна смеса.Остатокот од млекото се зоврива со шеќерите, па се додава течната смеса и се вари кремот.
Се дели на два дела.Во едниот се додава чоколадото, се меша до растопување.Се ладат, во млаки по 100 гр. путер и се миксира убаво.

3.За чоколадниот преливсе соединуваат состојките, се растопуваат и изедначува на тивко, малку да олади, па се нанесува.

4.Шлагот се мати со млекото до потребната густина и цврстина.

5.Финална постапка
На кората премачкана со чоколаден крем, се нанесува лажица жолт фил, па црн фил(така наизменично).
Одозгора во споевите се нанесува од чоколадниот прелив и остатокот од преливот низ цела површина.
Најгоре изматениот шлаг крем, после некои 2 часа, откако добро ќе се излади филот.

Уживајте во секој залак од ова слатко задоволство!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани