Оваа слатка торта ја подготвив со вишок белки кои ми останаа при подготовка на празнични кифлички. Еве уште една идеја како да ги искористите остатокот белки...

Подготовка
1. Ги матиме белките, па постепено додаваме шеќер. Матиме додека да се зацврстат па додаваме на крајот оцет.
2. Го додаваме брашното, чоколадото во прав, капучиното и оревите па соединуваме со шпатула.
3. Во калап за торта бр.26 намрсен и набрашнет ја истураме смесата и ја печеме на околу 150 степени.
4. Откако ќе се испече ја ладиме и го отстрануваме обрачот, а може и подлогата.
5. Филот го подготвуваме како класичен пудинг само со напишаната доза на млеко.
6. Чоколадниот пудинг топол го распоредуваме рустично врз колачот од белки.
7. Слатката павлака ја матиме заедно со чоколадниот крем Винчини и какао.
8. Ја ставаме во шприц и декорираме врз изладениот фил.
9. Од страните ставаме од чоколадниот прелив.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани