Испечати

Мока торта со ореви и чоколаден пудинг

Мока торта со ореви и чоколаден пудинг

Состојки

  • 5 белки
  • 220 гр шеќер
  • 1 лажица оцет
  • 200 гр брашно
  • 100 гр сечкани ореви
  • 1 лажица инстант кафе или капучино
  • 1 лажица чоколадо во прав
  • За фил
  • 600 мл млеко
  • 2 чоколадни пудинга
  • 4 лажици шеќер
  • За втор фил
  • 150 мл слатка павлака
  • 3 лажици чоколаден крем Винчини
  • 1 лажица какао
  • За декорација
  • чоколаден прелив Винчини чокола
  • чоколадни лушпи Фантазија

Подготовка

Оваа слатка торта ја подготвив со вишок белки кои ми останаа при подготовка на празнични кифлички. Еве уште една идеја како да ги искористите остатокот белки...

Подготовка
1. Ги матиме белките, па постепено додаваме шеќер. Матиме додека да се зацврстат па додаваме на крајот оцет.
2. Го додаваме брашното, чоколадото во прав, капучиното и оревите па соединуваме со шпатула.
3. Во калап за торта бр.26 намрсен и набрашнет ја истураме смесата и ја печеме на околу 150 степени.
4. Откако ќе се испече ја ладиме и го отстрануваме обрачот, а може и подлогата.
5. Филот го подготвуваме како класичен пудинг само со напишаната доза на млеко.
6. Чоколадниот пудинг топол го распоредуваме рустично врз колачот од белки.
7. Слатката павлака ја матиме заедно со чоколадниот крем Винчини и какао.
8. Ја ставаме во шприц и декорираме врз изладениот фил.
9. Од страните ставаме од чоколадниот прелив.