И ова е само идеја за украсување на Велигденски јајца.
Потребни ви се лушпи од двојно повеке јајца од тие што ќе ги украсувате. Измијте ги и исушете ги лушпите, па бојадисајте ги со боја по ваша желба.
Јајцата сварете ги и оставете ги сосем да се оладат и исушат.
Искршете ги бојадисаните лушпи на покрупни парчина, така е полесно да се направи мозаик.
Дел од површината на јајцето намачкајте со лепило, прислонете парче бојадисана лушпа, па лесно притиснете да се залепи, при што ке се поткрши на помали парченца. Раздвојте ги со пинцета делчината, повеке или помаку, веке по ваша желба. Оставете да се исуши лепилото, па работете на следен дел од површината. Најбрзо е ако паралелно работите со неколку јајца наизменично.
Можете и како негатив да ги правите, јајцата де се бојадисани, а лушпите бели, или и така и така.
Ете, од мене за годинава овој предлог.
Честит Велигден.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани